на (предл.) - објективен (прид.)

Како вистински и доследен идеалист, тој сосема го укина дуализмот меѓу битието и мислењето, и на свој мистички и идеалистички начин го воспостави нивниот полн идентитет: и материјата на објективниот свет Хегел ја претвори во развоен процес на „светскиот разум“, чиишто категории вечно се движат по законите на една посебна логика.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Нема потреба да се објаснува дека Хегел под движење на логичките категории на „светскиот разум“ во мистифицирана форма го објаснуваше движењето на стварите и појавите на објективниот свет.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Тоа да го знаеме, но не веќе апстрактно, не само во чисти категории, поими, идеи, туку во поими што се одраз на една материјална реалност, што се одразени идејни слики на светот и општеството, значи да откриеме како и на кој начин можеме и мораме да станеме „субјективни“ делови на објективната стварност, реални фактори во појавите, општеството, политиката, науката, идеологијата, уметноста итн.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Стариот материјализам со својот чисто емпирички метод никојпат не можеше да го види нивното единство, нивниот премин една во друга, па затоа неговото познавање на објективниот свет и на општеството беше ограничено, неполно, мртво.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Место токот на појавите на објективниот свет тој видел ток на појавите на „апсолутниот дух“.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Секогаш кога тој ќе почнеше да ѝ раскажува за принципите на Ангсоц, за двомислата, за променливоста на минатото и за одречувањето на објективната стварност, и притоа да употребува уште и зборови од Новоговорот, нејзе ѝ стануваше здодевно, се збунуваше и велеше дека никогаш не обрнувала внимание на такви работи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нивната работа, наречена „филозофска херменевтика“, покажа дека поделбата ум - тело, што лежи во основа на современата медицина е социјално договорена интерпретација, а не одраз на објективната реалност надвор од човековото искуство (Messer, Sass i Woolfolk, 1988).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ако сакаме да се однесуваме со нив на објективен начин, би се создале два проблема: ограничен пристап на психоделичните супстанции и отсутност на лингвистичка теорија, за да можеме искуствата и да ги изразиме.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Од сите апстрактни експресионисти, Марк Ротко (Mark Rothko) е еден од ретките кој внесе концизност во употребата на детската уметност.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Како и кај многу други модерни уметници, свежината со која децата се спротивставуваат на објективниот свет му даде на Дибифе нова перспектива во посматрањето на секојдневните настани. 110 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)