на (предл.) - закажан (прид.)

Глоба во износ од 15.000 ЕУР во денарска противвредност ќе му се изрече за сторен прекршок на работодавач – правно лице, ако: – не е склучен договор за вработување меѓу работникот и работодавачот, 292 работодавачот не го пријавил работникот во задолжително пензиско и инвалидско осигурување, здравствено осигурување и осигурување во случај на невработеност пред стапувањето на работникот на работа, договорот за вработување не е склучен во писмена форма, не се чува во работните простории на работодавачот каде што работи работникот и не му е врачен примерок од договорот за вработување на работникот (чл. 264, ст.1, ал.2 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Иако по некој период му го простив тоа и се чинеше дека за кратко време сѐ ќе си дојде на свое место, се случи уште едно негово извинување, дека не може да дојде на закажаниот состанок, во нашето, до вчера, омилено бифе.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
На закажаната средба со идната љубена отиде со потрошена залиха на солзи.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ако судот, поради било која причина, не работи на денот на закажаното рочиште, е должен да го објави на својата веб-страница и на видно место во судот, денот и часот на одржувањето на новото рочиште, а странката е должна да се информира за истото (чл. 126, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Татко не доцнеше на закажаната утринска средба, носејќи ја старата цариградска чанта, со која го мина работниот век во судовите, а подоцна и во Архивот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Така, со време, заробени во волшепството на Новиот свет, двете половини заборавија на закажаниот повраток на врвот од триаголникот.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Се ближеше часот на закажаната средба во претседателската палата кога требаше на новиот владетел да му ја пренесам пораката од владетелот на земјата кого што го застапував и во која беше запишано дека се признава неговото владеење.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За истиов сторен прекршок ќе му се изрече глоба во износ од 10.000 ЕУР на работодавач–физичко лице; а 7.000 ЕУР на директорот, односно друго одговорно лице кај работодавачот (чл. 264, ст.2-3 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)