на (предл.) - емоционален (прид.)

Мелодрамата им дала на средните сталежи доживување на возвишена драма што можеле да си ја викаат своја, што можеле да ја сфатат на свој начин и на свој јазик.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Класичната трагедија честопати ја имало во понекое семејство – во кралско семејство, сигурно, но сепак во семејство – а мелодрамата можела да ѝ ги одржи жариштето кон семејството и сместеноста во рамките на домаќинството, на тој начин придавајќи им на општествените и на емоционалните ситуации од буржоаскиот домаќински живот нова смисла на величие, горливост и напон.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мелодрамата ги пресадила јунаштвата, борбите и патосот на класичната трагедија во релативно едноличниот свет на буржоаското постоење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А така не би се вклопила во целите за кои била замислена. ‌Ова – макар ризикувал и да излезе дека премногу поедноставувам – е родословот на мелодрамата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа е потребна хигена на емоционалниот, духовниот живот, дисциплина на умот и телото.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не се однесува буквално на самото мајчинско, но алудира на емоционалната состојба што ја вообличува мајчинското – имено, абјектната состојба на некоја што верува дека нема избор, освен безусловно да сака... додека не ја дотуркаат до самиот раб. ‌Навистина, ако една од функциите на кампот е да се наврати на сцената на траумата и да ја преодигра таа траума до степен на урнебесна преувеличеност, за да ѝ ја неутрализира болката без да ја одрече, тогаш конкретната драма што ја преодигрува уживањето на кампот во мелодраматичната сцена на судирот мајка-ќерка во Милдред Пирс не е трауматичноста на мајчиното отфрлање, туку трауматичноста на безусловната, неменлива, бескрајна љубов.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)