на (предл.) - богат (прид.)

А токму поради еродираниот морален хабитус на медиокритетскиот и малодушен феномен наречен „македонски судии“, насушно е потребно, добро и правично [bona et aequi], да се регулира 308 оваа „сива зона“ – со цел економски помоќната страна да не ја злоупотребува својата доминантна позиција на пазарот на труд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Која ли страна тие ја одбраа – на законот, а против Правдата; или на Правдата, а против законот?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Овие припадници на богатата класа уживаат во комодитетот на своите удопства, привилегии и имунитети – кои им ги носи професијата, земајќи редовна плата од над 1.200 ЕУР месечно, додека мнозинството македонски работници само може да сонува плата и од 120 ЕУР.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Околу осум часот, додека го чекав Дагларбеј да ме земе, се шеткав во фоајето со рацете одзади, загледував по излозите на богатите шопови во ентериерот и минував меѓу господата со пеперутки машни и дамите во блескава облека и скапи парфеми.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Секоја Нова година е исто: уште неизлезени од големиот сон, со глави стежнати од желби и вино, со усти суви и жедни за расол и вода, водичка, онакви – баш никакви: неизбричени и ненашминкани, - на телевизија го гледаме традиционалниот концерт на традиционалната Виенска филхармонија и традиционалното ракоплескање во ритмот на Радетскиот марш на богатите Арапи, Јапонци и богаташи од други џенемии кои, инаку, се навикнати ним да им аплаудираат севезден.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Во куќата на Софрета. Селска соба која дава впечаток на богата куќа.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Се зарадував кога почна да ме загрева! Не беше од оние молчаливите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој и во мојот кревет не се стеснуваше да го тврди истото она што го слушнав од писарот во српско: дека гревот е измислица на итрите и на богатите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мириса на богата госпожа Сенка. „Госпожа Сенка“ според дефиницијата на Фјодоровиот пријател писател е жена која мириса пријатно.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Зачудо мириса пријатно иако неговиот пријател сликар не го избањал веќе се недели.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Која родословна гранка сега ја смислуваш, на кој Лепи Лаза ликот му го дотеруваш, на кој внук на која внучка ѝ го исцртуваш гранчето и на гранчето пратчето и врз пратчето името и сѐ што ѝ прилега, како што треба да му прилега на длабокиот корен и на богатото стебло на твоето родословие?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ги вртев страниците и им се восхитував на даровитите скаски и приказки на народот, на богатите души на раскажувачите, уште повеќе на златната рака и душа на запишувачот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ги раскажуваше и убавите и грдите нешта, зборуваше за татко си кој сликал минијатури на плочки кои потоа ги украсувале кујните на богатите; тој умеел не само волшебно да слика, туку и да им раскажува приказни на своите деца за насликаното – за петелот и кокошката, за ветерната мелница и кравата, за млекарката и реката кои се појавувале на плочките под неговата рака.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Стоевме пред тајниот оддел, кога брат ми ми кажа дека и самиот научил како се прави тоа, па почна детално да ми раскажува, а јас, замислувајќи како металот го потфаќа плодот, почувствував дека ми се лоши и повратив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во Виенската болница некои од хирурзите дел од своето работно време минувале правејќи ја таа од законот забранета, а сепак за некои луѓе дозволена дејност – таму абортирале ќерките и метресите на богатите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш се опијанувал и ги претепувал децата и сопругата Ана, која тогаш заработувала рибајќи ги подовите во семејствата на богатите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Важноста на првиот загриз: зачеток на богатата взаемна гозба.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Што ќе помисли Киркор за него кога навистина тој нема да појде и не појде денес да си го плати костумот со штедрата рака на богат расипник.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Пеел со склопени очи и поднаведнат како во зазор што им го одзема времето на богатите, на умните и на покорисните од песнопојците зашто можеле да разговараат за свои работи, за политиката на европските земји кон Турција, за ловот и за коњите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во неговите песни се раскажувало за јунаштвото на Турците од минатото, од времето на Муратовата моќ, за нивната страсна љубов и за убавината и верноста на нивните жени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќерка на богатиот македонец Таки (Димитар) мумиџијата и Ленче Јованоски.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Тука се прави прв (некому и последен) ремонт на богатата Америка.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
И како по вакви бисери да поверуваш во секојдневието што ти се нуди, кога знаеш дека за твојата безбедност се грижи неспособниот инспектор Брок, дека твојот град го водат тројцата корумпирани свињолики одборници, дека твојата светла иднина ја одредува Министерството за истражување руди и губење време, а дека вистинското мерило на твојот транзиционен свет е пијаницата Суперхик, кој краде од сиромашните за да им даде на богатите?
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Се изградиле нови конаци, чардаци, воденици, амбари за жито, казани за печење ракија, фурни за печење леб за манастирските монаси и многубројните измеќари, гости и сиромаси кои секојдневно доаѓале во манастирот и на кои бесплатно им се давало јадење; околу манастирот се изградиле и посебни конаци на богати верници христијани и муслимани кои повремено доаѓале во манастирот или останувале на панаѓурите кои се правеле кога славел манастирот и кои траеле по неколку дена; засадени биле нови лозја, а се зголемил добитокот со нови грла: овци, телиња, коњи, крави, волови, скопаци.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тој Митко беше човек како оној сиромавиот од прикаската кому некој му фрлил во дворот мисирка наполнета со злато, а тој му ја однел на богатиот зашто таква гозба не била за сиромав како него.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кај обете половини, независно едно од друго, но исто толку силно, бликна сознанието дека се наоѓа на богато хранилиште на искуства, под кое нивното поранешно, заедничко искуство неосетно заминуваше во маглите на заборавот.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Така и би. Жена на ибн Бајко му стана Тодора, ќерката на богатиот папуџија Јосиф, а првото момиче што им се роди го крстија Костадинка, Коца.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Жените не им се гледаа надвор ако некој се приближуваше, но звукот на дајрето што најчесто приквечер го трепереше воздухот од нивната страна, му ја кажуваше на синот на Тајко тажната приказна на сите сиромаси кои усилената веселост ја користеа за прикажување пред светот на среќата што на богатите им недостасува.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)