на (предл.) - шпекулација (имн.)

Па и тие немаше да се враќаат ако не беа врзани за нас со златниот конец на сеќавањето…
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со една мала забелешка: бев свесен дека не смеам да се залажувам со површниот заклучок дека станувало збор за знак или најава преку која некоја непозната сила се обидува да ми ја подотвори вратата на шпекулациите овозможувајќи му на она што еднаш веќе протекло повторно да се врати и да ми се придружи...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но, сепак, извесни навестувања постоеле за водење тајни преговори и остварување договори.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Освен можеби оние вечни осуденици, спомените.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Според него, сите претпоставки биле во сферата на шпекулациите.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Прости ми другар Даскалов и веднаш речи ми дека не треба и не смеам да заборавам оти во животот никогаш ништо не се враќа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)