Дигна ли рака на мене, само една шлаканица да ми удриш, знај оти таа декика си ода кај браќа ми, а ти т'чи си а главата со децата како знајш, — му рече Доста на Илка кога навистина еден ден по една голема Митрина тужба Илко ѝ подвикна и нарипа и тој да го последува брата си Стоја — да ја удри Доста.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во сандачето (тоа беше куферче) бенге зела од кај браќа си дветри кила компири, и кога ѝ кажа на Митра дека таа ќе го зготви петелот, ни со бонгур ни со ориз, ами со компири, оваа зина од чудо и за малку што не извикна: „Да е видел господ, кокошка со компири ќе ми готви ваа орјатка! Шо ни се чуло, ни се видело!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Шмајзерот го оставив во спалната и до него ливче на кое напишав дека јас тој и тој, другар командире, си одам кај браќата кои крвават и на сабајле, во мугрите фатив пат за Албанија.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
По матурата Марсел Дишан заминува за Париз кај братот Гастон.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Разменувавме мислења за импресионизмот, кој тогаш беше револуционерно уметничко движење...“
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Имаше моменти, признавам, кога би отишол до С, кај брат ми Борко, само да се сетеше да ме покани. Никогаш не ме покани. И сега, место јас, тој дојде кај мене.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
И таа навистина остана кај братот на Борко, кај Симона.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Стратегијата, значи, е налик на стратегијата што ја развиваа Laibach и NSK, и која се базираше на претерана идентификација со тоталитарната идеологија којашто на тој начин ја намалуваше идеолошката ефикасност и го фрустрираше системот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Сара Лукас не е за цензура на ваквите појави, туку за нивна тотална експозиција, за „помагање“ на системот на моќта за тој да стане што повидлив.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)