за (предл.) - пак (прил.)

Основците копнеат да станат гимназијалци, гимназијалците студенти, студентите копнеат да најдат работа, вработените да се оженат, оженетите копнеат по стан и да им пораснат децата за мирно да се пензионираат, пензионерите копнеат за здравје, а сите копнеат да умрат, и мртви копнеат да се родат за пак да се условно живи, во нов расчекор со себе.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Кога детето ќе дојдеше до земјата, таа ќе му направеше така за пак да се крене нагоре.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
ФРОСА: Вистина, вистина, останало од старите - адет кога излегува некој од куќи за на печалба да се стави софра. Велат за пак да си се врати на софрата — дома.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)