Праксата за која ќе стане збор тргнува од свеста за една организација на светот и на визуелните полиња во коишто тој свет постои, светот на тн. „богат поглед“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Покрај авторите и книгите што ги набројав погоре, безброј геј- мажи напишале учени, занимливи, дивни подробни студии за холивудската кинематографија, за бродвејскиот мјузикл, за великата опера, за класичната и за популарната музика, за стилот и за модата, за внатрешното уредување и за архитектурата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Речиси секој втор ден таа ме викаше од работа и со глас кој одвај сокриваше радост, детално ми зборуваше за некоја нова и страшна болест штотуку откриена.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Пролиферацијата на спектаклот создава ваков „богат поглед“, но не во смисла на богатство што му се нуди на погледот, туку на самиот поглед-како-богатство кој е темел за едно екстензивно скопичко искуство.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Антрополозите- истражувачи коишто живеат на реката Дањак на Борнео или меѓу Курдите во Курдистан ѝ праќаа груби и граматички збркани извештаи за своите согледувања, а таа тогаш брзо ги прилагодуваше за популарна употреба.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Природно, валканите и егзотични болести, како и суровите обичаи и одвратните навики, играа главна улога во нејзините текстови.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)