за (предл.) - со (предл.)

Беше една таква пушка, создадена за со неа да можеш да скинеш сѐ, што ќе наумиш, а никако да плашиш дивинки ноќе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Обично кога влегуваше во својата библиотека, застанат првин крај отворениот прозорец на чардакот, ја вдишуваше свежината на воздухот која идеше од модрите води на блиската река и густите врбјаци на самиот брег, потем стапуваше во својата библиотека, за со погледот кој шеташе од рафт до рафт мило да ги погали книгите, како свои верни чеда, кои постоеја за да ги штитат неговите вистински чеда.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А може затоа ме пика во пазувата за со рацете да стигне до неа, ѓомти случајно, а таа кучката, ќе се таи и ќе се насладува.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Измислував игри. Игри за сам и игри за со група деца.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И само затоа што речиси во истиот час, веднаш штом го пренесле кај делениците Акиноски, Јосиф Акиноски, со усвитен нож му направил операција, му ги извадил куршумите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Значи, обожавам излети, па да се оптегнам на ќебе и со деца фудбал на голчиња направени од двете влечки да се разиграм боса, па скара и салатичка во леген за со ж’та (во мојот случај лимонада)и сѐ така до крајот на денот со свеќа запалена во манастирот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Дали мотивите на селаните да ја осуетат Симоновата помош, да ја одбијат подадената рака и на крајот да го понижат, се провоцирани од инстинктивната самоодбрана од натрапникот, од препознавањето на помошта како подлост насочена само кон лична полза, од одбивањето на услугата за со услуга да не мора да се плати или да се остане должен?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И машко и женско, и мало и големо, и христијанско и турско, христијаните крстејќи се и во истото време изговарајќи Господ да го дочува во живот Лазора, а Турците, на чело со Тахир бег Јаузоски, кој и заборави да го прошетува Мурата, Ај анасана, ај џган, уште од раното се купчат на портите, на срецело пред дуќаните Акиноски и на чешмата, на бунарите, во дворот и на чардакот Акиноски и само за тоа зборуваат: минатата сабота токму во време пладнина, нивните мажи, главите на сојовите, се нашле таму во Прилеп, на Али Чаир, за со свои очи да се уверат во силата Лазорова, и за потоа со свои очи да го видат нештото кое тука, на лице место и пред сета насобрана народија, ќе му го прекинеш животот на човекот, а кое не го стори тоа, не го однесе на оној свет, само затоа што е Лазор голем и силен како никој друг на земјава, па ножот и куршумите, кога влегле во месото негово удриле на коските и тука се запреле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)