за (предл.) - под (предл.)

Томе на Борис Бидџов и некои други што се собираа во берберницата на неговиот роднина, му помогнаа на Танаско да се очисти местото, да се загради и покрие (сите се чудеа ама Танаско пронајде вистински греди за диреци и чатија, штици за под терхатијата на покривот и штици за над терхартијата за патос).
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И кога во мода влегоа чорапогашниците, значи хулахопките и тие тенките и нежни работи за под фустан, терав пат во Дојче Демократише со оправдување дека одам за да ја поправам протезата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ај што го смета татко ми, демек дедо ѝ, за будала; ама и мене, што сум зела маж генерал без војска, нареден со ордени на градите и со прави бразди на мозокот, кого ако го прашаш за Крива Паланка ќе ти го покрие со палецот цело Мариово, а кога ќе му го побараш Мртво Море од Арабискиот Полуостров ќе направи мрвка за под ноктот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)