во (предл.) - популарен (прид.)

Ние, кои на театарот гледаме како на вредност, односно значење во популарната култура, ќе си дозволиме да кажеме дека нашите театарџии имаат затнати носеви, всушност, немаат нос за театар.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Вака се отвора стремежот и кон еден нов „реализам“, односно кон приближување спрема Реалното, но овојпат кон она лакановско Реално, со коешто се сретну­ваме како со „решително порекнуван факт на нечија сопствена смртност“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Таа се поврзува со турбо-фолк феноменот во популарната музика која ги содржи сите горе наведени карактеристики.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Она за што овде ќе стане збор нема за цел популарното да го препознае како прост ефект на задоволство, туку да ги вклучи во игра и различните ефекти од овој принцип кои настануваат поради константното појавување на потиснатото, она што, според Фројд, „работи отаде принципот на задоволство“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кај нас, на пример, мнозинството совесни критичари ја препознаваат онаа уметност што има пазарен карактер (со што е исполнет условот за популарност) како одраз на најпримитивни додворувања на народ­скиот или новобогаташки вкус, или, што е уште полошо, како најпримитивен диктат како тој вкус треба да изгледа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во таа светлина, значајната Фројдова ревизија што се случи во текот на дваесеттите години може да послужи и како базичен модел за диференцирање внатре во популарното на безбеден „mainstream“ (да го наречеме тоа „уметност на среќата“) и на различни форми на радикална и критичка продукција којашто се храни со истиот јазик како и „меинстримот“, но и се отвора спрема многу покомплексните ефекти на задоволство што некоја појава ја прават популарна.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тие, значи, функционираат во популарниот код, но претставуваат и негова субверзија низ наметнување на или јасно критичен или вознемирувачки двосмислен став, како што низ популарниот „принцип на задоволство“ ѕирка и она „зад“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Популарната култура го обновува Еросот кој високата култура го беше потиснала, и така процесите поврзани со принципот на задоволство сепак не се само умртвувачки текови, бидејќи „барањата на Еросот се тие коишто како нагонски потреби го спречуваат опаѓањето на нивото и воведуваат нови напнатости“.7 Она што следи е краток преглед на неколку дела на британски уметници кои го свртеа вниманието врз себе последниве години, и осврт на референците што ја откриваат нивната поп-културна „втемеленост“ и којашто всушност овие трудови ги прави привлечни.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Делата што ќе бидат претставени референцијално се втемелени во популарната култура, но контекстуално и понатаму во идејата за висока уметност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Принципот на задоволство во популарната култура му служи на ваквото потиску­вање на смртноста, така што низ смртноста - со која низ поп-естетика се бави новата британска уметност - се појавува потиснатото таму каде што тоа (естетски) и не се очекува.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Бидејќи геј-мажите добиле прием во популарната култура токму со ставање во заграда или со обезважнување на карактеристично сексуалните димензии на нивните животи – видете го само успехот на филмовите и на телевизиските серии како што се Филаделфија, Вил и Грејс, Настрано окце за стрејт-дечкото, Кирија и Планината Броукбек – низа гласови се кренаа да го поддржат приговорот на Ворнер против десексуализирањето на геј-мажите. И јас придонесов кон таа критика, па нема да ги разврзувам тука истите претходни аргументи.102
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие не би оделе да го чујат Шуберт или Шопен.(...) Но поради својата природна вклученост во популарната музика и преку Cramps-овата реклама беа довлечени да дојдат на мојата програма.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Мислам дека Allan Bloom не згрешил кога, очигледно разочаран, запишал: “Студентите можеби не ги интересираат книгите, но затоа okno.mk | Margina #32-33 [1996] 98 се најдлабоко приврзани на музиката.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Веќе во претходиот параграф е најавено дека најмногу ќе зборувам за популарната музика.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со малку еуфоричност можеме буквално да констатираме дека во популарната култура со некои ограничувања (што ги диктира нејзината форма и е секако добро да се знаат) се изразува сета богата комплексност на светот: можностите, чувствата, надежите, желбите, вкусовите, значењата, историите, теориите, политиките, итн.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)