Не само што секој може да биде сопствен двојник, не само што сè може да се споредува со сешто: и најелементарните форми што сè уште ги разликувавме се топат во суштества налик на “брадавица, каша и октопод” од маниристичките украси.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Неговата слика добива религиозно значење бидејќи тргнува од некои принципи врз кои е втемелена религиската слика.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Човек ќе се понадева да замине, ќе го побара мирот, а потоа тој мир еве го претвора него во суштество тапо и исплашено пред одговорноста на одлуката што им ја соопштил на другите, како единствена и целосна вистина, дека заминува, ни помалку ни повеќе, заради пишување.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Дикинсон како да му е близок на византискиот уметник којшто не го видел ликот на Исус, но сепак го сликал според достапните упатства.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Светот на содржини и светот на форми сега веќе нема никакво значење.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)