љубов (имн.) - мој (прид.)

Копнежу мој, сакам да те сонам, љубовта моја од надежи живее буден те сонам и во илузии тонам.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Љубовта моја нема моќ, да допре до тебе , да ти дошепне збор галежен , топол во оваа глува ноќ.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Се слушна себеси како гласно извикува: „Џулија! Џулија! Џулија, љубов моја! Џулија!“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тогаш збогум, љубов моја, збогум!“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„ Да, љубов моја, те слушам. Продолжи. Прекрасно е.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Знаеш, љубов моја. Се прашувам дали и ние ќе остариме заедно? - Да, да... - одговори Томо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На тој ден, љубов моја, во твоето мало сопче близу до Металскиот завод започна нашето заедничко живеење како маж и жена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Добро де, љубов моја, до кога ќе ја плашиш твојата Срцка?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Добро, добро, љубов моја! На бојното поле последниот збор е топовски, а во куќата е на жената. Прифаќам без збор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Љубов моја! Знаеш колку многу те сакам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Ти простувам љубов моја, иако не гледам што треба да ти простам. Јас сум и само јас виновен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Може, љубов моја! Но само под еден услов. Во планирањето на тоа наше патешествие за паметење да учествувам и јас.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога држам предавања за тоа, најчесто ги цитирам стиховите на Рубајат: “О, љубов моја, да ли би можела со мене и со судбата така да се сродиш, да ја грабнеме оваа бедна целина од свет.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во себе постојано ги слушаше неговите зборови во мигот на преселбата на неговиот гарнизон, илјада километри подалеку: „Ќе се вратам, љубов моја, ќе те земам за невеста!“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Со треперливи раце и трепетно срце го отвори ковертот, чекајќи однатре да ги чуе зборовите на својот љубен: „Се вратив, љубов моја, подготви се за невеста...“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Посакав да ја оставам неа заклучена зад резето на зборот да чека како жена што чека од печалба и војна од глуви талкања верна на обрачот на љубовта моја и на својата надежда.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Добро утро Добро утро, дете мое мало, ајде стани, љубов моја.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Љубовта моја кон братот мој зрно е што поместува планини.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И одеднаш, сонцето се навали сосема на планината и силен одблесок од едно стакло на џипот ме заслепи сосема; во моментот кога видов светлина, десет илјади пати посилна од сонцето, кога веќе не гледав ништо, одеднаш слушнав гласови: Тој: О, убава си, љубов моја, убава си!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
ТОМЧЕ: А мојот татко, поарно да го немам! Катил, намќор! Човек без душа, без срце!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СТОЈАНКА: (Плаче.) Томче, јас би те чекала довека, те сакам и љубовта моја е догроба, ама не можам повеќе од татко ми, ми е жал за него.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ќе го запамтиш ли овој ден, кога бевме среќни во мај? Љубов моја!....“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
АНТИЦА: (клекнува пред Илија) Аман, Илија, прости му за љубов моја!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Полека ја одгатнувам мојата мака Додека залудно букви си штракам (Дури и луѓето кои ги сакав Љубовта моја ја сметаа за млака) Неможејќи вечно да се убедуваме (Јас и зборот понизно се помиривме) – Грда судбина си пресудуваме 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Не, посигурно е на грб, љубов моја, мисли тој, но таа мисла ја протера.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Овој свет не ми е достатен за да престанам да сакам љубов моја: само за него ми треба повеќе од еден живот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)