љубов (имн.) - која (имн.)

Не сакам да заборавам, целиот живот ќе се сеќавам на една бела зимска ноќ, на хармонијата и виртуозната слобода на снежните кристали, кога се заколнавме на вечна љубов која ќе трае засекогаш.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не згрешивме, ќе трае засекогаш, во најинтимните и најскриените делови на нашите срца, чувана од секаква нечистотија што ја носи овој проклет живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Татко ја разбираше длабочината на Мајкината италијанска љубов која Мајка ја негуваше како забранета билка во длабочините на својата душа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)