Класичарите, кои не добија класика, сериозните музичари коишто се соочија со несериозност, хевиметалците кои останаа без острите гитарски рифови, рејверите кои не препознаа никаква електроника и пулсирачки ритмови, рокерите коишто чекаа симфо рок, но не го дочекаа, црковните великодостојници кои мораа да се соочат со завршните зборови на говорот на Млакар, дека „смислата на сè не е ниту во животот ниту во смртта, туку дека е ствар на оргазмот“, и се разбира политичарите коишто очекуваа свеченост по свои мерила, според политичкиот протокол, а добија едно заиграно, бесрамно предавство кое ја постигна својата цел и го задоволи својот израз.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Опитот го издржаа само оние на кои музиката во сите нејзини појавни форми им е љубов, во сите нејзини варијанти и варијации, верзии и жанрови. Во недоумица, така, дојдоа сите.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)