уво (имн.) - ќе (чест.)

- Само во нашите уши ќе одсвонуваат вчерашните и завчераните и претвчерашните рафали, грмежот на бомбите и тресокот на пукањето што доаѓа од сите ридишта и планински врвови...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Оди сега и кажи тамо долу, ако се појави уште некој, без уши ќе си оди!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Да беше друго време, многу уши ќе паднеа.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
После пак ми пророкуваше: едната нога ќе ми ја разнесе динамит, ушите ќе ги изгубам в битка со овчарски пес, љубоморен човек ќе ми го ископа бубрегот со нокти...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Глуви уши ќе повикуваш, оти гласот ќе ти секне, а силата ќе ти одлета!“
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
— Зар не го слушаш, вели Карољ, ушите ќе ти ги заглуши.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Низ иглени уши ќе се провирам...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Можело и од подалеку да се види дека е погрд од својата вчерашна грдост, онаков - ненаспан и недоверлив, повеќе со намера да предизвикува отколку да заштитува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зад него стоел неговиот шестгодишен син со обетка на левото уво; косата, како и кај таткото, почнувала од веѓите; уште некоја година и од ушите ќе му пробијат влакненца.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Врз челото имаше само три кадрици. Одеше право накај нас.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Како си, малечок“, најпрвин мене ми подаде рака.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Растеш?“ Мајко мила, се вцрвев толку што ми се пристори небаре ушите ќе ми расцутат.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Од селото Марена донесоа поп да ме пее, па ми рекоа да не плачам зашто ушите ќе ми ги исече.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ако немаше време да го испече, кога ќе тргнеше на орање, на уво ќе ми шепнеше: Анѓе, малку попосле стани, не успеав да го испечам лебот, ќе одам на орање.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)