На сестрите им било потешко, но и за нив се појавил некаков спас – Хермине и Јохана отишле да живеат кај родителите на својата мајка сѐ до нивната смрт, а Клара - кај сестрата на татко си.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Браќата уште како деца некако се спасувале од тој терор одејќи во работилницата на татко си, и му помагале околу сликањето на плочките, а потоа, кога тој ќе се поднапиел, за да не му бидат при рака кога ќе почнел да удира, бегале по улиците.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)