Пристигна на мостот и го премина до средината одејќи сега мачно, бидејќи снегот се противеше, а од Дунав расте тежок ветар угоре, закачува и шиба.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Без страв, ослободувајќи се конечно – веруваше, во еден морбиден налет на радост и студ – беше крај неа и ги рашири и таа дланките, одбивајќи да мисли, а жената од мостот се притисна во нејзините гради и двете се прегрнаа, здрвени и молчаливи, на мостот, со раздробената река што удираше по столбовите.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)