сознание (имн.) - во (предл.)

Во тој дел од мигот во кој насмевката го деконцентрираше вниманието на соговорникот, Ема го ловеше изразот на неговото лице, се обидуваше да му ја прочита мислата и од сознанието во тој обид зависеше текот на нејзиното натамошно однесување и кажување.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Меѓутоа, пред да минеме на утврдување на предлогот за вообичаената процедура на државниот испит, јас би морал да изнесам неколку општи сознанија во врска со нашите судски кадри, во овој значаен период од нашата Револуција.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
„Во лудилото љубов може да се јави само кон измислена, измечтаена личност; љубовта кон вистинска личност, а тоа значи вистинска и реална љубов, е неможна, затоа што да се љуби другиот за лудиот значи да се биде ист со другиот, а да се биде ист со другиот значи да се изгуби самиот себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа беше вест што убиваше, вистинско сознание во пијанство пред кое и рамнодушноста запенува и се пропнува како исплашен коњ. „Тој те пцуеше“, чу и се тргна, ги спушти од дланка двете копчиња во празната чаша.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Зарем тоа не е она најстрашното,“ рече Клара, „бидејќи она Јас кое едвај трепери, најболно посакува да биде сакано; нешто во оној чие Јас е растргнато знае, дури и кога не сака да признае, дека само љубовта може да го сочува неговото Јас, а стравот од љубовта е секогаш посилен од оваа свесност, и го турка сознанието во заборав, или го победува со уште поголем страв.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Луѓето како детски играчки (Со изградени софистицирани механизми И со батерии место огнилото на старите пушки) Лесно кршливи Совршени играчки Спремни за употреба ( За злоупотреба) Скок од највисока точка на сознанието Во најкрастава локва.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Тоа сознание барало непосредна акција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но она што било сосема сигурно тоа е сознанието во круговите на двете Влади дека конците во таа игра ги влечел СССР.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)