Тоа, меѓутоа, исто така е свртено спрема поп-културните мотиви, но овојпат рециклирани низ искуството на поп-артот, значи низ нивното „историско пребивање“ во уметноста.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Онаа лекција на мајка ми дека добар секс се нуди за евтини пари на секое ќоше, ама дека сите се во потрага по вистинска љубов, ме додржа мене во истата кујна, до шпоретот и... добро де, и во спалната во која влегуваа туѓи парфеми и парчиња кожа под ноктите.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Комуникацијата, како основна желба на новите британски уметници, овде се остварува и преку порнографија и преку теорија на сликарство, со тоа што првиот „мост“ е понепосреден но никако не го ремети вториот. 182 okno.mk Сликарството на Gary Hume (р. 1962) на прв поглед е чиста спротивност на динамичноста на Харви.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ама „богородица“ ја чувавме како очите. Во тој поглед владееше длабоко единство, сексот се чуваше како нешто најважно.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)