светлост (имн.) - ќе (чест.)

Превивката преку окото на Арсо Арнаутче како да била грутка снег што ќе почне да се топи од топлината на огнот за да открие едно око што со неуништлива светлост ќе ги извлече озарени од мрак правдините и гревовите на светот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А светлост ќе ви затреба и за да ги протолкувате натписите запишани на вратата од приземјето и тоа на сите јазици на владарите што доаѓале и господареле со овој простор. (Турскиот натпис содржеше дури и две варијанти: Гирис уасак Цикмз сокак гириси; српскиот, Улаз забрањен; бугарскиот влез в'в ада).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Не заслужувам, рекол со незабележлива возбуда во гласот. - Ги носам на душа сирачињата на Јаков Иконописец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)