речено (имн.) - дека (сврз.)

Како да беше речено дека не може двапати да се вратите во едно исто минато.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Зад заѕиданите прозорци се фалсификуваат архивите.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Некој рече, а другите го подзедоа и го раширија реченото дека парите не ѝ се сониле на стрина Николица туку на Драганка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
За жал не располагав со доволно умеење оваа благодарност поконкретно да ја изразам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Напати помислував, веројатно за да се оправдам себеси, дека се случувало нешто слично и со судбината на јунаците од нашите детски соништа, кои без претходно најавена причина, само заради неконтролирано изречен збор или грешно срочен одговор, ја губеле силата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мајка ми ми имаше речено дека тие досадни бубачки и мекушлавци во најголем број се јавувале наутро и тоа по влажните места со многу росно зеленило.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не случајно ми има речено дека ми верува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Колку пати имам речено дека најгрда се чини потта што ја скорива товарот на поразите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност таа ми има речено дека сте дамнешни пријатели? – Го реков ова а притоа бев свесен дека овие зборови требаше да бидат еден вид благодарност поради неговото заземање околу нејзините очи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не паметам точно кој, веројатно некоја од тетките имаше речено дека сум се родил во воденицата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можеби настаните што сега ги спомнувам му припаѓаат на некој друг свет каде што останале да се бркаат сенките. Или нешто слично на нив!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нели е речено дека секоја планина си ја носи својата тежина: и поголемата, и помалата“, се обидов да ги корегирам сфаќањата на мојата поубава половина. (А сето време потплукнував, скраја да е од нас).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И младоста сум ја поминал таму.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мислам дека неговото однесување при вчерашната средба само го потврди оној мој заклучок дека непотребно го имав сместено во групана млади за кои помислував дека се подучувани од почитуваниот професор по сомневањата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мислев на мекушлавците а истовремено почувствував и останав многу изненаден дека токму сега се јавува и она чувство на измаменост од сопствената волја што грдо и неодговорно ми пристапува со оној писклив глас што доаѓа негде од далеку, а сепак од мојата внатрешнина: "Ти си лажго!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури потоа мајка ми се преселила долу, в Бањи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„На секое моме може да му се случи!“ посакав да речам но одмавнав со раката.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Барем таквата неволја да не одмине!“ - реков на глас!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Токму затоа, решил да тргне во будење на сетилата. (Всушност, јас дури денес дознав дека ја изгубил смислата за рамнотежа, и дека боледувал од Мениеров синдром; мислам дека еднаш ми има речено дека цената на сознанието е да ја изгубиш рамнотежата).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Со парче од керамитка на еден камен од ѕидот влечевме црвена црта и со неа ги бележевме деновите што одминуваа и секоја ноќ сонувавме камиони што нѐ чекаа за да нѐ вратат дома, зашто беше речено дека по дваесетина денови ќе се вратиме... не знам зошто и не знам кој ни рече дека тука ќе дојдат камионите и тука секој ден ги чекавме...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Малку понесовме зашто беше речено дека многу брзо ќе се вратиме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Едвард Кар има речено дека ќе бидат напишани многу супер книги за минатото, ама нема да можат да се наречат историја во смисла на наука.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Ноќта ја минуваше секогаш на друго место. Ми беше речено дека мојот возач Бешир ќе ме остави на одредено место, а потем ќе ме преземат Палестинците.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога од извршителите на државниот удар, според набргу создадената легенда, откако Бургиба бил разбуден, му било речено дека тој повеќе не е Претседател на Републиката и дека според тоа би требало да ја напушти претседателската палата, тој само одмавнал со раката и наводно рекол: - Ова е само невозможен сон.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во право си, пријателе, не без причина е речено дека од сите служби на светот најпроклета е да бидеш кодош на зборовите на другиот!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски, кој беше задолжен да реферира за овој збор, во еден момент прекинувајќи го Татко во натамошното трагање по новите значења на зборот курбан, авторитетно му се обрати: Мислам дека филозофот Ниче има речено дека с е интерпретација на фактите, додека филозофот Бенјамин дека нема документ на која било цивилизација кој воедно не е документ и на варварство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ноќеска повторно го сонував оној сон, но наместо она физичко чувство на ужас што го доживеав првиот пат, а какво што никогаш несум доживеала на јаве, овој пат имав некакво интензивно, мачно, скоро сладострасно чувство на ученик кој е фатен дека не ја научил лекцијата за која јасно му било речено дека мора да ја совлада ако држи до својата иднина.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Зар не е речено дека чедото, во мугрите на животот, при допирот со светот, првин си ја препознава својата Мајка, по нејзината насмевка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Најнапред го здогледа својот сосед Н.С. долу во лозјето токму кај онаа лозница за која одамна му има речено дека за година- две ќе почне да раѓа грозје без семки.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Требало само да научиш да ракуваш со камшикот! А таа тврдеше дека умеела.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Штом ќе препознаам некаде присуство на невиност ако не можам да му се придружам барем сочувствувам со него - реков во желба да го дообјаснам карактерот на моето учество во настанот кога веќе беше речено дека сум го подржал она што се случуваше минатата ноќ.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Јана ми има еднаш речено дека мажите биле како циркуските животни.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Колку пати ти имам речено дека прстите се одвишни кога е во прашање срцето!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А самиот ми имаш неколкупати речено дека скромноста не е секогаш и честитост!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Се согласуваш со мене, Дудо? - прашуваше Џорџ сениорот и грлено се смееше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Иако досега неколкупати ѝ имам речено дека и таа е понекогаш конкретна, но таква е за жал само во креветот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не ја сфатив сосема причината но во еден момент таа му се обрати на сениорот Џорџ: - Ти имам речено и пак ќе ти речам: човеков е виновникот што тебе те избрав за сопруг. – Знам, знам – грлено се смееше сениорот Џорџ. – Зарем ти немам речено дека Македонија е богата со умот, многу богата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зарем ѝ немам речено дека тоа здолниште може да го носи само кога е со мене.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Стопати на Зоки му е речено дека жешката супа не смее веднаш да се јаде, зашто забите ќе се расипат.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Добро сине. И друг пат ми имаш речено дека таков народ сме ние. Свртени назад. Загледани во себе.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Е тогаш не се воздржав: „Извинете Иван Степанович, но Семјон одамна ми има речено дека не може да ме остави сама и да војува против своите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не заборавајте дека тој има и брат капетан меѓу Црвените.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Овојпат интелигентно се противев - велејќи дека сакам да ослабам - но и тоа не наиде на голем успех поради тоа што ми беше речено дека сум кожа и коски и дека треба повеќе да јадам за да ме сакаат девојчињата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И бутовите ми беа малку растресени, а и образите почнале да ми свиснуваат - но никогаш не сум мислел за себе дека сум дебел.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Меѓутоа, по пристигнувањето во Каиро, во текот на јуни 1943 година, им било речено дека планот е променет и дека ќе бидат спуштени кај Тито.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По добивањето на Меклиновата информација за заседанието, експертите на Форин офис можеле да "здивнат", бидејќи било "заобиколено контроверзното македонско прашање", особено што Кардељ во својот говор не се осврнал на идејата за формирање јужнословенска федерација и уште повеќе што на заседанието било јасно речено дека "Македонија дефенитивно ќе остане дел од Југославија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Само еден член од групата, капетанот Џорџ Мусулин, инсистирал да биде спуштен кај Михаиловиќ, а тоа и го реализирал во октомври 1943 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Британските експерти не можеле да не го прокоментираат присуството на Едвард Кардељ на заседанието.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По мое барање мене од страна на другарката Блажена ми беше речено дека таа мене клучот не ми го дава.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Никогаш немаше речено дека не сака да оди на училиште или дека макар што во врска со тоа го загрижува.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)