И кога во нашата преписка се доближувавме до моето пријателство со големиот француски филозоф Едгар Морен, од балканско сефардско потекло, таа ќе ја изрази својата чувствителност кон сефардската судбина на семејството на Морен, истакнувајќи ја заедничката идентитетна припадност, јас настојував посредно да откријам една од димензиите од нејзиниот еврејски идентитет.
& пишував, во едно писмо, дека уште рано, во детството (а тоа го изнесувам и во Времето на козите), кога живеевме во Козар маало на брегот на реката Вардар, често низ Дрвениот мост одевме на другиот брег каде што беше Еврејското маало.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)