мајка (имн.) - ме (зам.)

Ако беше жива се ми се чини дека ќе се радуваше на секоја моја несреќа. Таква мајка ме роди“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А си одбрав ден за самување Утроба на времето Во која мајка ме расте Учејќи ме на гребнатинки При раѓањето.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Мајка ме прегрна последна, пред да се качам во возот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Јас што дојдов овде, штрк, не оти сакав да бидам штрк, ами клетвата од татка и од мајка ме фати, што не ги слушав како врапчињата Сиве и Чуле.“
„Силјан Штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И кога мајка ме праша каде се Ленка и Коста, се расплакав.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А си одбрав век за самување Утроба на времето Во која мајка ме расте Учејќи ме на гребнатинки При раѓањето.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
А си одбрав миг за самување Утроба на времето Во која мајка ме расте Учејќи ме на гребнатинки При раѓањето.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
- Еј, газло.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Ајде, не цимоли“ ѝ реков. „Ти беше убаво додека беше под мене.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)