маало (имн.) - и (сврз.)

Таа не може да ги заборави погледите на тетка Маре и баба Рада, кои беа единствените поканети од целото маало и имаа можност да видат што ќе се случи во ресторанот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Често луѓето ги споделуваа семејните и другите празници, обичаите, навиките, но и надежта за посреќни денови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Уште не му беше ни распаднато телото на Сандри, а веќе за него се говореше, првин по градските маала и низ нахијата, а потоа и по цела Румелија.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Некои ширеа гласови во Козар маало и во градот дека татко ми е уфрлен од власта во Козар маало, а останал во тајни врски со партијата, наводно за да ги следи релациите помеѓу козите и луѓето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повторно ѝ се радуваа мајсторите: казанџиите, налбатите, столарите, касапите, тенекеџиите, со умилност ја гледаа чираците, а ние децата одевме по неа и не слушавме крици од птици пред заминување, туку слушавме умилна песна што извиваше од нејзината уста, а од песната пркнуваа светулки и надлетуваа над бавчите, на Кафтан маало и исчезнуваа над лозјата на Кумлако и Мерите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Откако ќе го одминевме Театарот, стапувавме во тогашното Еврејско маало и ќе се најдевме на подножјето на блискиот рид, пред нас неочекувано се извишуваше ребресто исечената глинеста утроба на ридот во која времето длабеше низ помеките делови, особено по големите дождови и поплавите на реката, па создаваше длабоки, кривулести пештери, од кои беа изградени сегашните скривалишта за заштита од бомбардирањата и другите напади врз градот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во Козар Маало, блиското Пошта Маало и околината, живее во разбирање, пријателство, солидарност, притекување на помош, делење на заедничкиот леб на сиромаштијата на повоените години цел еден мал свет, на стравот од неочекуваните упади на власта: побројните Македонци, Албанци, Турци, Срби, Унгарци, Руси, Грци, Бугари, Хрвати, Французи, Ерменци, Евреи, Власи, Роми и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)