композиција (имн.) - од (предл.)

Џинот се смее Никогаш не дружел со толку откачен затвореник Ние сме играчки на релативноста, вели тој со епилептични гестови Инструменти за реализација на сложени композиции Од кои прска умот а облаците воздивнуваат Гледам како растат отровни насади во неговата утроба (На моменти кожата на Џинот станува проѕирна Дури и розовомлечна, како кај Аксолотлот На Кортасар или како статуите на Буда излеани од Кинески проѕирен порцелан).
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Прво ликовните експерти, со своите вперени погледи како телескопи и со долгите нокти на малите прсти остри како пинцети, почнаа да копкаат по слоевите бои и да пронаоѓаат по нешто на неговите платна: те однос на светлина и темнина ваква, те однос на бои ваков, а не таков, те потег од оној сликар, те композиција од овој, нанос не од четка туку од шпахла, па дури и елементи што не спаѓаат во сликарски бои ами во столарски отпадоци.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Дури сега сфатив колку е убава целата таа композиција од зборови и тонови.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
(...) Од музичко стојалиште концертот секому му овозможи огледало за слухот. Неговата теснотија и ограниченост.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Еден дел од салата не поседуваше кодови и изострени сетила за сериозни, симфониски структури.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)