задоволство (имн.) - кое (зам.)

По еден облак од секој тип - цирус, кумулус, кумулонимбус и другите - ќе има доволно за сите; исто така, по еден пример од секој вид време - убаво, дождливо, топло, студено, влажно, суво, мирно, ветровито (и нивните разни комбинации - убаво-топло-суво-мирно, убаво-топло-влажно-мирно, итн.) ќе послужи за сите поединечни денови (и ноќи) на тоа време, и покрај тоа што едно магливо благо мирно рано утро е задоволство кое секако може да се разликува од истите услови напладне или приквечер.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Уште полошо, особеното настрано задоволство што бродвејскиот мјузикл сѐ уште им го дава на одредени геј-мажи е задоволството кое сексот што сега можат да го имаат не им го овозможува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Така на пример, „закрилата“ на насилството и „хоророт“ во филмо­вите е начин да се врзат заканувачките стимулуси и да се изгради заштитната „краста“, како што би рекол Фројд.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но со оглед дека сега сме сè повеќе бомбардирани со неасимилираните шокови на „модерниот“ живот, нашата психа бара нешто вон принципот на задо­­волство.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)