девојка (имн.) - ќе (чест.)

Рацете таа ги кладе врз Кузман... - „Се надевав - писна, - ој Кузмане, дека како младоженец в зора девојките ќе ми те облечат; тука ќе екнат весели, свадбени ора.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Но другиот глас не запираше ни за миг, дури и кога девојката ќе прозбореше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Постоеше средба, музика, првите зборови, неколку испиени чаши... како и секогаш кога некоја привлечна девојка ќе седне на истата маса во преполното кафуле.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Притоа, ако јас бев како другите девојки ќе го искористев да дознаам што повеќе работи за Стомачето, па истите да си ги употребам како уцена во врската, сѐ со цел јас да бидам во предност.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сигурни сме дека нашиот син добро ќе размисли со каква девојка ќе го поврзе својот натамошен живот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
„О, море Спиро ќе видиш каква девојка ќе стане таа, ама којзнае дали ќе ја видиш повторно?!“
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Арно ама момчетоо не врлило со јаболкото на девојка, ами врла со лушпата од бабата и на часо заповедал да си појде дома син му и да се расипи аузо, чунки узнал царо оти не бендисал син му девојка и според законот го врлил син му јаболкото од рака, та од тоа не требало да стои тамо и да бендисуа мома веќе.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Бескрајно растажен од големата загуба и безбројните жртви, навреден како татко и цар и бесен од болка, тој ја проколнал Струма: „Те проколнувам тебе, која до овој миг беше мое сонце и смисла на мојот живот: земјата да не те прими.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Царот гледал од сарајо на која девојка ќе фрлел син му со златното јаболко и таа да му ја земи за невеста.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Непријателскиот водач бил интелигентен и сфатил дека од заљубената девојка ќе дознае доволно за да може да влезе во тврдината.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Прекалениот римјанин веднаш сфатил дека е предаденн, а дознал и кој го предал.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Бев сигурен: оваа девојка ќе остане со мене до смрт, со мене. - А таа почина?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)