„Сакам да знам нешто повеќе за вас. И сакам да знам што сакате од Рајнер.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тесауро укажува на тоа дека уште Цицерон бараниот, набиен начин на зборување и пишување кончетизми (грчки: shemata, латински: figurae, италијански: concetti) го споредувал со одредена "гестика" („gestus orationis” е еднакво со „shemata”), со гестови со одреден дуктус.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Маргина 37 29 Гордана Внук ПОСТ-ПОРН МОДЕРНИСТКИ ЖЕНСКИ ПРИСТАП КОН ТЕЛОТО КАКО МАТЕРИЈАЛ ЗА ТВОРЕШТВО
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
„Ах, вие мора да сте…,“ рече таа, и со изразот на лицето, со еден ноншалантен гест со раката, покажа дека Рајнер ѝ има спомнато за мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
За разлика од движењето на „модерните примитивци“ во коешто главно машките членови преку радикални и нелогични гестови со кои го модифицираат сопственото тело (тетовирање, прободување, саморанување) укажуваат на телото како на последно прибежиште во коешто единката сѐ уште има моќ, тн. „женски“ перформанс, во анализите на феминистичката критика, ја користи присутноста на женското тело со кое манипулира жената- автор (досегашниот објект станува субјект) за да ги преиспита односите на моќ во репрезентацијата на женската сексуалност, разоткривајќи ги симболичките основи врз коишто почива начинот на гледање во „машкиот“ свет.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)