време (имн.) - дека (сврз.)

Немав никаква идеја во тоа време дека јас правев интерпретации на татковиот трансфер од дедо ми на бог и на шефот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Беа тоа надежни времиња дека може да дој­де до подобрување на албанско-југословенските односи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во следните години јас добивав бранови од возбудување на помислата за „наследување” на дедо ми.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Повлекување во јазикот Сѐ повеќе тонам во јазикот - турбулентно, катаклизмично обожавање кое доаѓа со чувството дека немам повеќе време дека нема време, барем не во банална смисла. Народот таа состојба ја опишал со изразите: „нож под грло“ или „ми гори под нозете“.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Не знам зошто ми се чинеше во последно време дека еден ден не ќе ја најдам таму таа слика и сѐ повеќе имав желба да ја преместам во собата каде што спиевме Ели и јас.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)