Кога го виде правот, едниот од тројцата селани, кои седеа под врбата и пушеа тутун, извика: - Јунаци, бидете готови!
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Можеш да ги видиш како лежат во вировите под врбите и мавтаат со опашките!“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Одобрено му е, ама ако посади врби и тополи крај реката на секои три аршини, и за време од две години. Сега се жали!
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Беше рана пролет, кога почнуваат да плачат врбите и лозјата, па може од тој ист порив на сите ни идеа солзи.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ама повеќето веднаш си фатија сенки под врбите и тополите, си ги распослаа веленцата и започнаа да си ги редат јадењата. ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Нејасно се радував: по неколку дни бело ќе прснат бадемовите пупки, над ретките потоци ќе се доселат синоглави птици.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И врбите и јасиките ќе се покријат со зелени дамки, дренот ќе се искити со жолт цут.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И за сосема да ја изгони сликата на Пела уште неколку пати се бореше со вителот под врбата и на крајот сосема исцрпен одеше да спие под некоја сенка со полн стомак од праски набрани од самото дрво под кое легнуваше.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Ваму-таму, крај реката, растеа ракити, врби и по некоја евла.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)