власт (имн.) - ќе (чест.)

Да постоеја повеќе партии, претпоставуваше Татко, борбата за власт ќе се релативизираше и неспособните ќе немаа лажни претензии да палат и да жарат дури и во науката.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но, сепак, го остави Камилски со замислата и со верувањето дека власта ќе покаже интерес да објави ваков речник.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Така е најдобро си мислиш, вели Максим, властите ќе знаат кој го отепал и нема што да истезаваат други.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Народот се држи кон својот паничен страв од светот и светските процеси, и дури по цена на потполно осиромашување и анимализирање тој е среќен само кога на власт ќе има некого што ќе ја поддржува неговата национална предрасуда и ќе го држи потаму од секоја одговорност за сопствената судбина.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Таа строго погледна таму од каде стигнаа овие зборови и без да праша кој е тој што ги изговори овие зборови, рече: - Другаро, срамота, рече дека новата власт ќе го истера Господ од срцата на људјето.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не очекував само дека партијата на власт ќе бара еден вид услуга: откога ќе се заврши водоводот, јас да сум бил кандидат за пратеник за наредните избори од изборната единица во која влегуваше и Маказар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Низ градот сѐ повеќе се разнесуваше гласот дека наскоро бугарските власти ќе ги соберат Евреите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Имаше тепање до бесвест, горење со усвитена жица, истоштеност од работа, парче црн леб не потешко од сто грама за цел ден, давење во кофи наполнети со нечистотија, јавен потсмев и понижување, принудно потпишување на однапред подготвени писма што по разни врски им беа врачувани на нивните синови кои преминаа на другата страна, во кои нивните татковци, мајки и жени молеа да се вратат во партизанските редови и ветуваа дека народната власт ќе им ги прости греовите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сега, седејќи тука, се прашувам – дали од властите ќе ми биде дозволено и од Бога дадено да ја обновам татковата куќа?...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Многумина од оние кои беа присилно донесени во Гнездо, бараа да бидат пуштени; некои молеа тивко, склопувајќи ги рацете пред докторите или паѓајќи на колена пред нив, некои пак врескаа молејќи, некои се закануваа: “Ќе ве испратам сите во пеколот,” извикуваа оние кои веруваа дека се богови, богови само за кратко паднати на земјата; оние што беа уверени дека се големи војсководци кои се сега затворени од противниците, се закануваа дека, ако не бидат пуштени со добра воља, штом одново ќе дојдат на власт ќе се осветат; а имаше и такви кои се закануваа со нешто едноставно – дека ќе им ги свиткаат вратовите на докторите, или ќе им ги прободат телата со нож.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некои се лажеа себеси и другите: “Ние сме овде на пропатување, знаете, остануваме во хотелов само денес, а веќе утре,” и покажуваа кон некаде со рацете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Можеби навистина беше така. Заборавете го случајот!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Која власт ќе можеше да го расправи тоа“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мртвиот е мртов, него повеќе никој нема да го крене!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А научив од соседите дека луѓе од власта ќе доаѓаат да проверуваат, по сите куќи, како се чуваат сликите на Тито и на Сталин.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)