видело (имн.) - дека (сврз.)

За постилање ли биле, за завивање ли, тоа отпрвин не можела да разбере, ама кога веќе се наредувале, видела дека за завивање носеле некакви меки завивчиња што ги викале јоргани, а тие, шарените, ги постилале во одаите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А кога, сепак, до потајно посакуваната пресметка не дојде, луѓето си го повратија дишењето, но, конечно, излезе на видело дека Дамческите навистина на сè се решени.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но кога ја отворил стрико Никола Мала врата, на месечината веднаш се видело дека човекот не е некој поганец; в раце држел детуле, сето завиткано со кожуви, а по себе водел коњ, и го пуштиле да влезе внатре.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Некои велеа дека од мажите се ослободувала кога ќе видела дека не може да зачне, да има пород. Ги земала само за тоа, да провери.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Бев видела дека така стои на мојот здравствен картон.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Била пресреќна кога видела дека и тие се здрави и живи.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Главно било, ти, преку власта, бидејќи се видело дека ти си во врска со власта, се видело и по тоа што ти дале пари за изградба на водоводот, а богами, велат, сигурно му дале и за бунарот, ти, значи, требало да ги натераш маказарчани, со власта заедно, да ја продадат земјата и куќите, а потоа, се знае - процент“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
По два дена, ми се јави по телефон дека е готова, дека ја средила својата соба, куќата, исто така, ќе ги затворела, ми рече, прозорците, вратите, ќе ја ставела на место храната за Гаро и за мачката, а видела дека има зоб за коњот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Забележав дека лицето му е намовнато со ситни и ретки влакненца, баш како на брат ми, дека очите му се толку темни колку што дотогаш никогаш не сум видела дека можат да бидат, имаше многу густи и долги клепки кои правеа сенки врз горниот дел од образите, а кожата на лицето и на рацете му беше речиси чоколадна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Многу беше среќна што видела дека синчето расте како убаво, здраво момче.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Колку и да изгледа бизарно и колку и да била Њутн неволна да поверува, токму смеење на трагедија е она што на Њутн ѝ се видело дека го прават нејзините дрег-кралици.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не бил нем само Онисифор, тој, со лузната, туку и сите други заедно со жените и децата што помагале во запрегнувањето на добитокот во двоколките на кои ќе се донесат воденичките камења од Лесново, по нивна сметка пред да созреат црешите, пред лето значи, и луѓето редум ќе ги израстоварат на брегот на Давидица, секој својот товар пред своја воденица што жената или некој старец или роднина од Побожјане, од Бањанци, од Кучковица или од Мирковци ќе ја допокрие.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А кога почнале да товарат во запрегите торби, дисаги и вреќи од испосошиени ненужни крпишта, кога се видело дека на пат се носи пченкарно брашно, пресуво, преслабо и пресолено козјо месо, низи кромид, лук и пиперки, сирење, малку помеко од камен, изварка, сол, ракија, суви овошки и којзнае што, и другите освен старците знаеле дека сѐ е пресметано од порано - сиромаштијата не е без разум и кога е без леб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога Влаинката Аспасија, Паца, како што се викала нагалено, одоколу го распрашала Спира што има и како има, и откако ѝ се видело дека тој е седало за птица каква што е таа, му признала дека тие двајцата до влакно имаат иста судбина што ги осакатила и дека нив тој златен свети Наум ги донел да се најдат пред неговиот гроб.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кога видела дека нѐ нема, почнала да гледа по бунарите да не сме паднале.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„Ах! Кутри мои нозе, рекла таа, вие веќе нема да ме носите на врвот на ридот, на своето драго тело да му понудам што поубав поглед.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Арно ама, вчас занемела, кога видела дека нејзиниот млад господар, испружен крај патот, не мрда ни со клепките, и дека сурата коса му е окашкана со крв и со мозок.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но ужасеноста на значајното лице ги надминала сите граници кога тоа видело дека устата на мртовецот се искривила и, откако повеала од неа страшна гробна реа и ги изговорила зборовите: „А!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не се погрижи за мојот, и уште и ме искара,“ а сега дај ми го твојот!“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)