брод (имн.) - и (сврз.)

Децата се и адвокати, и одборници, и началници, и капетани: пливаат бродови и подморници во нивните умивалници.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Наведнати над оградите на „Галата Ќупри“ можете со часови да стоите и со чудна внимателност да ги посматрате многубројните кајаци, кои се расеале меѓу големите бродови и во водите на Босфорскиот Залив - „Златниот Рог“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Попатната панорама кон Келн ја дооформува пловната река Рајна низ која, од север и од југ, се влечат многу товарни бродови и шлепови, полни со стока.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Бидејќи одамна беше веќе развиделено, забележував како по Рајна се влечат бродови и шлепови, кои пропаѓаа длабоко во реката под притисокот на товарот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Присуствував на утринскиот концерт за едно молчеливо живо пајче, еден бел нем брод и оркестарот на притаени души.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тука е и олукот што ги исфрла полумртвите или само зашеметени пајаци, и лавабото (шолјата, лоша илустрација) во кој исчезнуваат тие неколку бубачки со кои детето си играло, трупајќи ги врз хартиените бродови и мерејќи колку долго можат да бидат под вода.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Го одведов и на нашите езера, го качив на бротче и на мало кајче, ручавме и вечеравме во најубавите ресторани, а потоа одевме заедно по маказарските места.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во еден анонимен запис од 30 септември 1859 година, кој всушност претставуваше статистика за движењето на бродовите и трговската стока од Цариград преку Трст во текот на таа година, се набројуваат бродовите по име, стоката што ја понеле и името на оној што ја испраќа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Битката се водела за спасување уште на неколку члена од посадата што се нашле во долниот дел на бродот и постоела опасност да изгорат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Издолжените сенки од јарболите на малите бродови и гемии ја браздеа рамната површина на пристанишниот кеј.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога ги здогледа јарболите, помисли дека ќе ги натоварат на брод и ќе ги испратат на заточение во некои запустени места на Мала Азија или Африка.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Дали некогаш направил снимка за лажно слетување на некоја замислена ракета, все-ленски брод и екипаж? 46 Се сепна одмавнувајќи со главата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ноќва, помисли, дури и да не успееме со првиот, ќе испратиме друг и трет брод и ќе се преселиме на сите планети и, подоцна, на сите ѕвезди.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Телото го носиме кон бродот и новиот глас длабоко сокриен во мене ми вели да го пуштам надвор. ‘Помош, помош!’ во црвената недофатност, ечејќи и молејќи.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Додека под нашите раце бесшумно исчезнува ноќта кон наслутениот смев интимни сосема одиме Оваа постела потна е море со високи бранови што во пените на чекањето ги фрлаат нашите тела и на тој пат што мами сосема измешана плови зелена гранка од соништата и раката од пелин Па сѐ по малку сетни рацете твои како пристан тогаш сум и брод и галеб што во него ќе слета и ја наоѓам во него онаа неизбежна вистина што мавта и подмладува со рацете на ветерот
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
да не стекла пак реката, да не ги откорна овошките или само алето, е во Америка алињата им се дома, в среде куќа, е па водата нема узда, не се запира со прачка и со викање, а да ја видиш онаа вода што се оди со денови, еднаш ни рекоа денеска морето ќе игра, а кога игра морето, не играјте вие и кога зеде да рипа, да станува и да седнува, леле мајко, потплашена кобила, фучи и се пресега преку бродот и го прескока и 116
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
ама немаме пасоши, свиденија, никакво книже, оти ние знаеме дека ќе влеземе во слободна Македонија и дека не ни треба ништо и кој ќе те претресува во слободна земја и ги фрливме пасошите од бродот, во морето, ура, викаме, скокаме на бродот и ги фрламе пасошите во водата, радост голема, човек во радоста поулавува и пасошите летаат во водата, а улема риби се збираат околу пасошите, цели јата риби ги тргаат наваму натаму, небаре ги читаат,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)