ја (зам.) - само (прил.)

Не можеле да се спасат од него со ослободувањето на здивот, не можеле ни да го воздивнат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја држеше Џулија околу тенката половина лесно опфаќајќи ја само со една рака. Таа беше странично допрена до него од колкот до коленото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Видовитиот, некогаш Дмитариноарие, подоцна Дмитар-Пејко, припокриен со запалени гранки без пресметаност на ќумурџиско умеење, се спровирал од својот гроб во шурки чад, патувал невидлив и се враќал со свиркањето на ветрот барајќи ѝ ја трагата на дружината и наоѓајќи ја само ноќе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Земи ја само Владанка, другите се поголемки, остави ги.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бидејќи во природата ништо не угинува, туку, сѐ останува во севкупната вечност, менувајќи ја само формата, така минатото дури и не завршува, тоа дури и не е минато.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)