ја (зам.) - трева (имн.)

Еве вака! - рече Бојан, па се завлече во папратот, удирајќи лево-десно со стапчето, разгрнувајќи ја тревата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ја фатил секирата за рачка и вика: ״назад, не гази ја тревата моја, оти тука пот и пот се леало. И моја пот, и од татка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Може тука и да ме правел татко, и затоа не валкајте ја тревата, оти ќе заигра секирава.“
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Елена, Елена“ шепотеше, забивајќи ги прстите во земјата, корнејќи ја тревата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)