ја (зам.) - видело (имн.)

Смарагда е црна, а девојката во огледалото не ја видело сонцето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Нема јагула што си ја видела челадта, а ниту челадта не доживеала да ја открие мајката.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Бабо мила, и ти си ја видела ѕвездата? - офна и сета омалена се згуши во скутот на баба.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Сеќавањето на една слика, што ја видела во една ботаничка книга, како една змија маѓепсува верверица, ѝ го засили сомнежот дека тоа не е железна или глазирана порцеланска змија, туку вистинска змија што се обидува да ја употреби својата натприродна моќ врз неа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тие две дамнешни патувања, првото во Грција, во Јанина и во Солун, а второто, во Италија, со Татко, се обидуваше да ги задржи како мигови на вечноста во себе, сосе реликвиите кои не престануваше да ги носи со себе, какви што беа нејзиното сребрено огледало, наследено од мајка ѝ која никогаш не ја видела, каталогот на стоковната куќа Ла Ринашенте и, сега, овие три заборавени знамиња на некогаш­ни­те држави во војна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не сум ја видела речиси десет години.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)