ја (зам.) - онаа (зам.)

Една вечер му рече на деда си: - Дедо, донеси ми ја онаа ѕвезда. Сакам да си играм со неа.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Служи си се сам или викни си ја онаа што ја врти опашката по секој маж што ќе го види, - Ѓорѓе не прозборе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Та покусата нога на оној и не се познавала толку многу, била само белег, по кој сите други ловци од селото во тоа одамнешно време можеле да ги распознаваат неговите стапалки во снегот додека излегувале во утрините од селото и да знаат дека тука, пред нив, порано од нив, поминал тој - па човече, ене ја онаа негова патрива нога.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Еве ја онаа долга улица што се мрешка од ладниот повев на тихото помирено сознание: овие мали прозорци беа полни со сон и младо утро во гранките што се препелка и имаше во нив очи со густа сончева прашинка што ја постилаа штедри пред нашиот припитомен од
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)