ја (зам.) - утеши (гл.)

Сака да ѝ каже некој топол и нежен збор, ама знае дека нема да ја утеши.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Простено нека ми е што зборувам вака за еден таков момент, но несреќата на една жена, нејзината тага, и особено нејзините солзи, тебе како маж не те тераат да ја жалиш, туку на мислата да ја утешиш со своето срце. Ми зборуваше нешто, но јас одвај дали ја слушав.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
„Ќе се обеси“, се исплаши жената.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја утеши Тода и веќе ја воведе во вратичката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Не грижи се! Опасното помина. Нема кој да му се спротивстави на Бен Али - се обидов да ја утешам, но и себе си!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Пијан е.“ „Пијан е роден“, суво ја утеши Арсо Арнаутче.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И откако не успеа да ја утеши мојата болна и до срж скрбна душа, рече: „Освен тоа, не заборавај дека записот не е решен.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Околу неа се врткаше мачката. Нејзе сигурно ѝ беше жал за расплаканото девојче па се галеше околу нејзините нозе и сакаше да ја утеши.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)