ја (зам.) - угаснува (гл.)

Кога ноќта сосема го заклопуваше затворот и ја угаснуваше вревата, во каушите, ходниците и во дворот темнината стануваше глува и мртва.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И се кине фитиљот. Ја угаснува некое залидано ветре, ја брише некоја ветроштина. А може свирката од Јошета.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)