ја (зам.) - тутне (гл.)

А. ПАВЛОВНА: Глупости. Тој веднаш ми ја тутна в раце својата фотографија.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Поначесто, кога си одеше од работа, во џебот ќе ја тутнеше книгата што го интересираше и дома долго ја читаше, и покрај мрморењето на бабичката дека ја арчи струјата бадијала, кога знае дека денес ништо не е бадијала - ни струја, ни вода, ни ѓубретарина, ни пак лежарина за такви бадијалџии како него.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Бесен сум на жена ми што ми ја тутна таа трошка двопек в уста.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Стави ми да јадам, мртов сум уморен и жив гладен, - Анѓа му ја тутна тавата пред нос.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)