ја (зам.) - спроведува (гл.)

Јоанидис преведува: — Ние ја спроведувавме националистичката политика што ја добивавме како директива од Народна Република Македонија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Позитивистичкиот механички материјализам ретко во некое современо филмско остварување е поткрепен со толку одломки на денешнината, особено затоа што осумнасетовековната поставка во филмот Гринавеј континуирано ја спроведува.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Татко, во својата умна стратегија која Мајка ја спроведуваше со голем усет и со умеење, претпоставувал дека Мајка и натаму ќе биде подвижна, во својата среќа да стигнува насекаде за да го обединува семејството низ неговите нови разграноци, колку и да беше тоа распр­снато на двете страни од реката, во градот од крајот на нашиот егзил.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Јас Ве молам да не ја спроведувате таа мерка. Тоа би бил големо злосторство.*”
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Генералите на војските кои ја спроведуваа волјата на генералштабовите, владите на завојуваните страни, во Солун, се подготвуваа за големата војна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Му ја прераскажа својата средба со СС-командирот и потоа двајцата замолчаа. „Што ќе правиме владико?“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)