ја (зам.) - разбрани (гл.)

Беше дојден мигот да го ослободам ова време од себе и да го предадам на хартијата, на забележаните траги на меморијата. Времето минато крај Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Одеднаш ноќта ја разбрани далечен истрел од пушка. Долета откај Гола Глава.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ретко кој крај на живот на човек толку силно ја разбрани планетата Земја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)