ја (зам.) - преименува (гл.)

Прачката пак беше Штафетата на младоста, која ние реакционерно ја преименувавме во Паштета.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Кога си отидоа Србите, а дојдоа Бугарите, Курназ не само што ја преименува трафиката во бутка, ами пак извади од дрвената нога друго пусулче, во кое сѐ пишуваше исто како во првото, само што место зборот „српско” стоеше „бугарско” а напати и „оплченско”.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)