ја (зам.) - прегази (гл.)

И затоа кога истата таа година, во летото, во време пред да почнат жетвите, го најдоа Хаџи Ташку со здробена глава на ничиј синор, ни на веселечки ни на кадиноселски, туку точно на местото каде што денеска Пазарџиски Пат за прв пат ја прегазува железничката линија, никој освен потковичаните не се досети кој можел да му го „пресретне“ патот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И не се излага Иге. Толе ја прегази прв Црна баш на Скаклевите воденици каде што претполагаше и Ѓорче, и под самото Чаниште ги дочека четите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Четите ќе бидат на „Студената вода", утре таму го сакам јадењето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Седум часот. Челото на колоната ја претрча Шекарица, се спушти во широкиот трап, ја прегази рекичката и се втурна во полето на Лабаница.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
10. За да ја прегазиш баричката ти го послав палтото врз жив песок.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Но само да ја префрлат Слива и да ја прегазат Црна. – Нѐ изигра кадијата со измама!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сеќавајќи се на своето родно место, тој го подигна мостот на Дрина кај Вишеград на она место каде што во 1516 година ја прегази со коњот, натоварен со едната страна во еден кош.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој ја прегази, речиси, целата Хрватска, го опсади и презеде Сигет од Зрински и допре до престолнината на Австрија.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Покрет!“ командуваше Љупчо. Ја прегазивме реката и трчавме во спротивен правец.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)