ја (зам.) - поклопи (гл.)

Темни и заканувачки облаци се појавуваа зад планинските сртови, ама никако да ја поклопат скопската котлина.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Одеднаш, осата долета право пред неговите нозе, а збунетиот Фигаро – пап! – ја поклопи со муцунката.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Наеднаш навистина како да ја поклопила магија на пролетта што не можела да биде далеку од нив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од лицето на Руса, која не трепна и не офна, шикна крв, тој ја поклопи со дланките.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Зошто тртката, мајче. - Зашто ни тогаш немало светци. Станувајте и патувајте.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)