ја (зам.) - откупи (гл.)

Една од најскандалозните измени беше онаа со која на работодавачот повторно37 му се дава можност да ја откупи, односно да ја замени со паричен износ во висина од 5.000 односно 8.000 ЕУР, забраната за вршење на работа (чл. 33 од ЗИДЗРО/фев.13), со што во праксата оние работодавачи кои остваруваат големи профити ќе можат да си дозволат да ги кршат работничите права! 2.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Веројатно, кон крајот на триесеттите години, некој париски букинист ја откупил старата фотодокумантација на парискиот дневник.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се запознав со Драгана. Тој ја пакуваше својата слика за една брачна двојка Англичани, што ја откупиле за 200 франка. Драган, по сѐ изгледа беше задоволен.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Имено, повеќето од нив беа Мариовци од селото П’чишта кои оваа година ја откупија планината од Селим-бег од Солун за триста и седумдесет гроша – дваесет квадратни километра борова, букова и дабова гора со не помалку рудини и пасишта, за да не им клава бегот сточари Власи и Мијаци, а нивната стока да умира за вода, паша и од жештина долу крај селото.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И даде го на ангелите и им рече: „Господари мои, кога ќе да идете нагоре, на страшнии ѓумруци дјаволскии, оваја душа да ја откупите сос тој мој мех, зашто е лун сос Божиј дар от мој пот и от мој захмет“.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)