ја (зам.) - оправдува (гл.)

За разлика од некои современи режисери кои сопствената позиција на алтернативни творци ја оправдуваат со своето уживачко и разорно впуштање во општите феномени и изразите од општествените маргини, Гринавеј му е посветен на потиснатото дејство на моќта на сликата и приказната од баштината на западната европска култура.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Иако беше за рушење на ваквите предрасуди, не ја оправдуваше ни онаа љубов во која безглаво се влегува и чија странична штета за навек остава траги.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Што се однесува до мене, јас ваквата постапка на Берен ја оправдувам од две причини: Првата: Завидливоста во творештвото е потребна појава.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но тоа несовршенство не ја оправдува големата промена што звукот ја донесе со себе.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Инаку потребата да се појави за да ме зазбори и овојпат Привидот ја оправдува со една моја забелешка, што божем негде ја имам речено (а којзнае што сум рекол и што му било пренесено!).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Затоа е Соколе сигурен дека има во неа едно скришно место што ја оправдува неговата љубов.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Пробојноста на мојата кожа делумно ја оправдуваше инсистирачкото одбивање да запишам фармација.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Пресметаната наивност на ова оспорување, којашто животот на уметноста го остава ако не неиспитан, тогаш барем испитан на најповршен начин, без оглед на природата на информацијата што се посредува, автоматски ја оправдува уметноста за која информира, бидејќи ѝ недостасува идеолошка самосвест... okno.mk | Margina #17-18 [1995] 5
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)