ја (зам.) - опкружува (гл.)

Но, еве ја Таа, изнуркува од белината на својот посед, и бледа, како природата што ја опкружува, преминува во нешто помоќно и позагадочно од своето обично траење...“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И секаде ја опкружувале со нежности, добрини, убавини.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Магијата на змијата и местото што беше обградено со ѕид, привремено ѝ ја избришаа свесноста за природниот свет што ја опкружуваше.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)