ја (зам.) - обожува (гл.)

Напротив, ја обожуваа Партијата и сѐ што беше во врска со неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Знам дека тоа многу ги збунуваше луѓето околу мене, а особено дечковците, затоа што толку драстично се менував од жена која ја обожуваат до жена неубава и неугледна.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Спиев со Ина, се парев со неа, ја обожував; по три месеца изведување на точката со скалата, веќе вежбав на трапез и станав третиот во точката на Ина и Светлана; ги прошетав сите европски градови; читав многу и се дружев со вистински луѓе, носев вистинска облека и пиев вистински вина; потем раскинав со Ина и своите потреби ги задоволував со многу жени од надвор; но со Ина останав сврзан со папочна врска и натаму, и вообичаено, спиев во нејзината приколка. Таа ми беше спасител; сѐ на овој свет.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас ја обожувам баш лушпата. Кога ќе ја лизнам со јазикот ми се суши плунката и се наежувам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)